Марк Овермарс има сериозно и неповратно оштетување на срцето по инфарктот кој му се случи минатиот месец, јавуваат белгиските и холандски медиуми. 49-годишниот поранешен фудбалер на Арсенал, откако си замина од Ајакс стана фудбалски директор во белгискиот Антверпен, кога на 29 декември заврши во болница по мозочен и срцев удар.
Холандскиот „Де телеграф“ тврди дека неговата ситуација е далеку полоша од таа која беше првично објавена и дека неговото срце има капацитет од само 30 отсто откако дел од неговиот срцев мускул бил умртвен.
Овермарс си замина од Ајакс, каде што цела деценија работеше како генерален директор, откако беше објавено дека праќал непристојни пораки до своите колешки, вклучувајќи фотографии од своите гениталии. Тој потпиша со Антверпен во март 2022, каде што ги донесе поранешните играчи на Тотенхем, Тоби Алдервајрелд и Винсент Јансен.