По 21 пат во Куманово се одржа манифестацијата „Пивтијада 2023″, првпат во организација на здружението на граѓани „Еко Гард”. Над десетина домаќинки учествуваа на манифестацијата со подготвен зимски специјалитет – пивтија.
– Ја продолжуваме манифестацијата како здружение. И годинава манифестацијата има и ревијален и натпреварувачки карактер, учествуваат 11 домаќинки, има културно-забавен дел. Доаѓаат гости однадвор од држава и од соседните Србија и Бугарија. Планираме и во иднина да ја прошириме соработката со здруженија од овие две држави, изјави Зоран Бојковски, претседател на „Еко Гард”.
Учесничките велат дека за добро подготвена пивтија е потребно соодветна количина на месо, сол и лук, нагласувајќи дека пивтиите треба да се варат на тивок огин, да бидат проѕирни. Како прилог се подготвуваат различни додатоци со пипер, праз, како и туршии.
На годинашнава манифестација за кум беше избран Даниел Стојчевски.