Тајванскиот премиер Хсу Цен Чан денеска му ја врачи на претседателот Цаи Инг-вен неговата оставка и оставката на Владата пред очекуваните промени во кабинетот.
Хсу се повлече по тешкиот пораз на владејачката Демократска напредна партија на локалните избори во ноември минатата година и во момент кога Тајван почнува да се подготвува за претседателските и парламентарните избори закажани за почетокот на 2024 година.
Во објава на својата Фејсбук страница, Хсу рече дека побарал од Цаи Инг-вен да назначи нова влада, со нови лица.
Новиот кабинет ќе управува до формирање на нова влада по изборите.
Владиниот портпарол Луо Пингчен посочи дека Хсу и неговата влада формално ќе се повлечат откако Цаи Инг-вен ги потврди неговите наследници.
Хсу Цен Чан првично поднесе оставка во ноември по поразот на локалните избори, но претседателот Цаи Инг-вен побара од него да остане на функцијата.