Германците повеќе нема да зависат од руските енергетски извори

Германија повеќе не зависи од увоз на енергија од Русија, потврди германскиот министер за финансии Линднер за Би-Би-Си. Тој рече дека неговата земја целосно ја диверзифицирала својата енергетска инфраструктура од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

– Да, секако Германија се уште зависи од увозот на енергија, но денес не од увозот од Русија, туку од глобалниот пазар – рече Линднер, посочувајќи дека нашле нови извори за снабдување со енергија. На Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Линднер укажа на брзината со која е изграден нов терминал за течен природен гас во Германија за рекордни осум месеци. Тој посочи дека планираат дополнителни инвестиции во инфраструктурата и наведе дека тоа е „само еден пример за огромна промена во германската политика“.

– Сфативме дека мораме да ја зајакнеме нашата конкурентност по ерата на канцеларката Меркел. Таа ера беше фокусирана на силните страни на минатото, а сега ги развиваме силните страни на иднината – рече германскиот министер за финансии. Тој, исто така, изјави за Би-Би-Си дека е оптимист во врска со податоците кои сугерираат дека инфлацијата во Германија го достигнала врвот минатата година.

Треба да знаете
Последни објави