Германија дојде до максималните шест бода откако ја понижи Аргентина во денешниот попладневен меч со ???, во кој Гола, Горецки и Мертенс беа предводници со по пет гола.
Воопшто немаше ни грам неизвесност на пресметката зашто од почеток направија предност од пет гола предност (9-4) и потоа само ја зголемуваа разликата која до полувреме се искачи на плус 13 (24-11), а во вториот дел германската одбрана беше непробојна дозволувајќи и на „гладијаторите“ само осум гола за 30 минути, па го завршија мечот со огромни плус 20 (39-19).
Мартинез со пет и Симонет со четири беа најефикасни кај Аргентина, која во групата останува брз бод, како и Катар, додека вечерва колото ќе го затворат Норвешка и Србија во пресметката. Норвежаните имаат 4 бода од два меча, колку и Холанѓаните од три, а Србија е на два бода.
Египет рутински ја победи Белгија со 33-28, меч кој беше решен до полувреме кога „фараоните“ заминаа на пауза од седум разлика (22-15), иако имаа и плус девет пред крајот на првиот дел (20-11), па во вториот дел без премногу замарање само го одработеа мечот беа премногу да се уморат и да ја задржат свежината, дозволувајќи ѝ на Белгија да се избори за поднослив пораз од само пет разлика.
Рамадан даде седум, Ел Дера шест, а Зејн пет кај Египет, додека Данеси со девет беше најефикасен кај Белгија.
Во оваа група, вечерва е дербито Данска – Хрватска во меч на кој светскиот првак бара нови бодови за да остане максимален, а „каубоите“ да останат во битка за четвртфиналето. Данска има четири бода од два меча, колку и Бахреин од три меча, Хрватска е на два бода од два меча, а Белгија и САД се без бодови.