Ковачевски на Богојавление во Охрид

 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид.
Со премиерот Ковачевски, во Охрид ќе бидат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Никола Тупанчевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.
Предвидено е Ковачевски и министрите да присуствуваат на осветувањето на водите на Охридското езеро и положувањето на светиот крст кај Градското пристаниште во Охрид.
Треба да знаете
Последни објави