Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ќе оствари работна посета на општина Виница.
Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, Бочварски ќе изврши увид во градежните активности на рехабилитација на локалниот пат н.м. Блатец – н.м. Детлово.