Поради обилните врнежи од дожд и излевањето на повеќе реки во соседна Србија, во градовите Приепоље, Сеница, Нови Пазар, Брус и Тутин е прогласена вонредна состојба.
Раководителот на Секторот за вонредни ситуации и одбранбени работи на Град Нови Пазар, Исмаил Дупљак за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека нивото на водата е толку високо што во одредени делови се реките се израмнети со брегот.
„Рашка река се излеа на повеќе локации во населените места Селаковац и Луг и на неколку други локации од утрово службите се обидуваат да ги санираат тие критични места,“ рече Дупљак.
Тој додаде дека службите работат на терен и дека се обезбедени критичните места. Реката Грабовица се излеа во ноќта меѓу 18 и 19 јануари од регулираниот дел на коритото и го поплави центарот на Сјеница-град во југозападна Србија. Водата влезе во повеќе од 200 згради, вклучувајќи куќи, училишта, станбени згради и барови.
Од Штабот за вонредни состојби на Србија соопштија дека две лица кои паднале во реката Трнавица кај Нови Пазар се водат како исчезнати и потрагата нив сè уште трае.
Оттаму апелираат до граѓаните да избегнуваат движење и престој во близина на реки и други водотеци, како и да не поминуваат по импровизирани мостови.