Српскиот претседател Александар Вучиќ, по состанокот со претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија изјави дека неговата држава е подготвена да го прифати концептот и да работи на имплементација на предложениот договор за Косовското прашање.
Во наредните денови и недели, според Вучиќ ќе се извршат консултации со членовите на владата, парламентот и сите значајни општествени групи, додавајќи дека тој ја изразил својата загриженост за едно важно прашање, за една важна работа.
-Секако дека не можам да зборувам за тоа, затоа што предлогот не е јавен,изјави Вучиќ, по состанокот со странските посредници.
Српскиот претседател изрази уверување дека денешните разговори биле мошне тешки, можеби и најтешки кои досега ги имале.
-Се согласивме дека замрзнатиот конфликт не е решение и кога имате замрзнат конфликт, само прашање на време е кога некој кој ќе го одмрзне и неодговорните поединци ќе ги нарушат мирот и стабилноста на целиот Западен Балкан, изјави Вучиќ.
Вучиќ рече дека како претседател на Србија денеска е недвосмислено соочен со проблемите и предизвиците кои би биле поставени пред Србија ако не се согласи со предложениот план.
-Под овие и такви услови побаравме да помогнат во надминувањето на турбуленциите со кои се соочуваме на Косово, бидејќи веруваме дека е крајно време да се формира ЗСО, која не само што беше ветена туку и потпишана пред 10 години. Итно е, бидејќи дури потоа е можен разговор и какво било нормализирање на ситуацијат,рече тој.
Тој посочи дека западните дипломати го поздравиле напредокот на Србија на европскиот пат.
– Штотуку ги спроведовме реформите во судството и сето она што го слушаме со децении и очекувам поддршка на нашиот европски пат, додаде претседателот.
Вучиќ истакна дека претстојат тешки денови и одлуки.
– Овде нема ниту убави, ниту слатки разговори, а можам да кажам дека дадов се од себе за да ја заштитам и чувам Србија, што ќе продолжам да го правам, заклучи претседателот Вучиќ.