Де Пол му беше „телохранител“ на Лионел Меси за време на Мундијалот во Катар, па Стоесел ја изнасмеа цела светска јавност откако откри што ѝ кажал откако се виделе после шампионската прослава.
„Се уби пиејќи за време на шампионското славје и си дојде дома – мртов пијан. Морав да поведам грижа за него како за бебе, зашто не можеше да престане да слави. И му реков: ‘Те сакам’. Сакав да го смирам малку. А, тој ме гледа и ми рече: ‘И јас те сакам Меси!“ Мене ништо не ми беше јасно потоа“, рече Стоесел.
Де Пол е разведен и има две деца со поранешната сопруга, а сега е во врска со Стоесел која е една од најпопуларните пејачки во Аргентина.