Мемфис Депај од денеска и официјално е нов фудбалер на Атлетико Мадрид. Клубот од главниот град на Шпанија го потврди трансферот на холандскиот репрезентативец од Барселона и тој ќе остане на „Ванда Метраполитано“ во следните две години.
Задоволството од новиот ангажман не го криеше тренерот Диего Симеоне кој вели дека со нетрпение ја очекува соработката со голгетерот кој може да понуди многу.
„Мемфис покажа желба да дојде во нашиот клуб, се надева и тој самиот како и ние сите дека ќе се врати во својата најдобра форма што поскоро. Се радувам што ќе имам можност да соработувам со него. Тој е напаѓач кој може да ни помогне многу, ми личи многу на Коста, тој започна како втор напаѓач, но брзо се наметна како прва опција бидејќи беше експолозивен, но и многу корисен во одбрната“, изјави Симеоне.