Заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Како што соопшти МНР, се очекува двајцата министри да разговараат за теми поврзани со билатералните односи, европските интеграции на двете земји, претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, како и за други актуелности од регионот и меѓународните односи.
Во рамки на посетата, Турковиќ ќе биде примена и од претседателот на државата, Стево Пендаровски и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, стои во соопштението.