Во денешниот бомбашки напад на патничкиот воз „Џафар експрес“ во пакистанската провинција Балучистан повредени се најмалку осум лица.
„’Џафар експрес’ беше нападнат со бомба во областа Пеши во областа Болан. Осум лица се повредени, а осум вагони излетаа од шините, вклучително и локомотивата“, рече заменик-комесарот на областа Болан, Ага Саминулах, пишува „Ројтерс“.
Саминулах додаде дека спасувачките екипи имаат проблеми поради непристапниот планински терен во областа во која се случи нападот.