Федералната полиција на Бразил денеска врши рации и трага по луѓето кои на 8 јануари учествуваа во нередите во Бразилија, кога приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот, претседателската палата и во Врховниот суд.
Во полициското соопштение се наведува дека рациите се преземени за да се идентификуваат луѓето кои ги финансираа и поттикнуваа немирите, како и тие што учествуваа во нив.
Десетици илјади приврзаници на Болсонаро ги нападнаа зградите на федералната влада и претседателската палата на 8 јануари, а бразилскиот претседател Лула Да Силва, кој не беше во Бразилија за време на немирите, го обвини поранешниот претседател за хаосот и најави дека сите вклучени во немирите ќе бидат казнети.
Болсонаро, кој исто така не беше во Бразил за време на инцидентите, сега е во Флорида.