Предводникот на Иран на СП 2023 смета дека „коцкестите“ биле подобар противник и дека требале да победат.
„Хрватите сигурно и ќе победеа да не се вклучија во игра судиите од Шпанија, кои имаа неколку чудни одлуки кои беа во корист на данската репрезентација“, изјави меѓу другото популарниот „Вујо мајсторе“.
Црногорецот, сепак, имаше многу повеќе да каже за однесувањето на репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел, кој го одби извинувањето од Домагој Дувњак по еден старт (видеото погледнете го ТУКА).
„Средбата беше прекрасна, каква само можевме да посакаме. Но, работите ги расипа оној Гидсел – тоа мало глувче ми го расипа натпреварот. Рака ти дава Дувњак, еден од најдобрите во историјата, а тој јадник не сака да го прифати извинувањето. Не ме интересира каков ракометар бил, дали бил МВП на ова или она, тоа глувче никогаш нема да биде ниту бледа сенка на Дувњак. Ова е ракомет, груб спорт со многу контакти, а тој одбива да му даде рака по прекршок по кој му приоѓа легенда да ти се извини. Засрами се бедник еден, има да ја прифатиш раката и еден месец да не ја миеш“, бесно напиша миленикот на Комити.
Хрватска сега е на четвртата позиција на табелата со три бода, еден помалку од Бахреин, два од Данска, а три од Египет. Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат само двете најдобри селекции во групата.