Поранешната ѕвезда на Барселона, Јувентус и на ПСЖ, Дани Алвеш, е уапсен денеска во Барселона, поради обвинување за сексуален напад, јавуваат шпанските медиуми.
Алвеш е обвинет од девојка која наводно ја нападнал на предновогодишна забава во еден ноќен клуб во Барселона.
Бразилецот дојде во Барселона да ги расчисти обвинувањата кон него, но веднаш беше приведен од полицијата. Се очекува да има сериозен процес по обвинувањата од девојката.