Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се уште нема конкретни разговори со Алијансата за Албанците за програма за соработка и за кадровски прашања.
– Кога зборуваме за Алијансата за Албанците, тогаш треба да кажеме дека таа соработка треба да се направи врз основа на две претпоставки. Првата е програмско-политички и втората е кадровска и за такви се уште нема конкретни разговори, изјави денеска Ковачевски, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојческа беше во посета на Преспа.
Ковачевски ги повтори ставот дека, според него, во државата има два концепти – едниот е „концепт за европска Македонија”, односно продолжување на патот на преговори и зачленување на државата во ЕУ, а вториот, како што рече, е концептот на Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ против ЕУ и НАТО. Овие партии, според Ковачевски, тоа го потврдиле, преку сите гласања до сега во изминативе 31 година.
– Нема една стратешка одлука која ВМРО-ДПМНЕ ја поддржало, за жал. За сите политички партии кои се за концептот за европска Македонија вратата е отворена, рече премиерот Ковачевски.