Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова обврска во втората фаза на Светското првенство (СП) кое се игра во Шведска и Полска.
Нашите најдобри арбитри кои важат и за едни од најдобрите во Европа ќе бидат главни на натпреварот меѓу домаќинот Шведска и амбициозниот Исланд. Овој меч го има епитетот дерби на денот.
Досега Начевски и Николов судеа два меча на СП 2023.