Австралија oпен оваа година е вистинско „чистилиште“ за фаворитите. Елиминиран е и 12. тенисер во светот, Британецот Камерон Нори. Тој по пресврт беше поразен од 71. играч на АТП листата, Јиржи Лехечка.
Лехечка победи во пет сета со 6:7, 6:3, 3:6, 6:1 и 6:4 и на тој начин предизвика големо изненадување. Претходно Рафаел Надал и Каспер Руд беа елиминирани од Австралија опен, па патот до нова титула во Мелбурн на Новак Ѓоковиќ е сѐ полесен.
Карен Хачанов со 3:1 во сетови го елиминира Френсис Тијафо, додека Хуберт Хуркач славеше по голема битка со Денис Шаповалов со 3:2 во сетови.
Хуркач ги доби првите два сета, но потоа Шаповалов влезе во ритам и израмни на 2:2 во сетови, а последниот сепак му припадна на Хуркач со 6:3 во гемови.