Фудбалерот на Манчестер сити и германски репрезентативец Илкај Гундоган одлучи да ја продолжи кариерата во Барселона, објавија денеска дел од британските медиуми.
Гундоган има договор со актуелниот англиски шампион до крајот на сезоната.
Британскиот весник „Сан” пишува дека германскиот репрезентативец ги прецизирал сите услови од договорот со Барселона и на каталонскиот гигант би му се приклучил без обесштетување.
Гундоган (32) го носи дресот на Сити од 2016 година, а претходно настапуваше за Борусија Дортмунд, Нирнберг и Бохум.
За Манчестер сити досега одигра 279 натпревари и постигна 51 голови.