Фудбалската федерација на Италија го казни Јувентус со одземање на 15 бода сезонава поради финансиски малверзации на претходната управа предводена од Андреа Ањели.
Но, тоа не е се, Фабио Паратичи доби казна од 2.5 години да биде надвор од фудбалот, додека Аривабене и Ањели се казнети со две години, Недвед осум месеци, а Черубини 1.5 година.
Со новата казна и одземањето на бодови, Јувентус наместо 37, сега има 22 бода и падна на 11-та позиција на табелата со што се прости од титулата, а веројатно и од пласман во Лигата на шампионите.
Лидерот на табелата, Наполи сега има 25 бода повеќе од Јувентус, додека Лацио, Рома и Аталанта кои се на делба на четвртото место имаат 12 бода повеќе.
Јувентус има право на жалба на оваа одлука.