Новата песна на Мајли Сајрус крена голема прашина во јавноста, а спотот е снимен во куќата во која нејзиниот поранешен сопруг ја изневерувал со 14 жени.
Новата нумера на Сајрус за кратко време стана голем хит, а многу жени го пејат нејзиниот текст.
Многумина мислат дека ова е порака до нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт. Сомнежот го подгрева и фактот што пејачката ја објави песната токму на неговиот роденден.
„Можам да си купам цвеќе… Можам да си зборувам со часови, да се држам за рака“… е текстот на песната, но покрај овие впечатливи зборови, на многумина им недостигаат уште некои тајни пораки.
Мајли како главна локација за видео спотот ја одбрала токму куќата во која сопругот наводно ја изневерувал со 14 жени.
Парот се венча во 2018 година, а осум месеци подоцна се разведоа. Потоа се пишуваше дека Мајли е таа што била неверна, а дека Лиам изневерувал и со жени и со мажи.
Сепак, како што стојат работите, изгледа дека токму актерот бил „лошиот“.