Турција ја откажа денешната планирана посета на шведскиот министер за одбрана како одговор на издавањето дозволи на нордиската земја за антитурски протести.
Ваквата реакција доаѓа откако Расмус Палудан, екстремно десничарски активист од Данска, доби дозвола од полицијата да организира протест пред турската амбасада во Стокхолм каде што има намера да го запали Куранот, светата книга на исламот.
Меѓувреме, и протурските и прокурдските групи планираат демонстрации во главниот град на Шведска.
İsveç’in başkenti Stockholm de PKK/YPG terör yandaşları Cumhurbaşkanımız Erdoğana’a benzetilen bir maketin başını keserek ipte sallandırdı.
Sabrımızı taşırma İsveç pic.twitter.com/VFkpccIXa8— Hatice Güzide AKGür ???????? (@HAkgur) January 21, 2023
Во нордиската земја, слободата на изразување е загарантирана со устав и им дава на луѓето широки права јавно да ги изразуваат своите ставови, иако не е дозволено поттикнување насилство или говор на омраза.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во саботата им рече на новинарите дека нападот на Куранот не може да се смета за слобода на изразување и рече дека се надева оти дозволата за протестот ќе биде одземена.