Сообраќајка помеѓу две возила со скопски регистрации попладнево се случи на раскрсницата кај Собранието и болницата „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје.
Повредени се четири лица – двајцата возачи, сопатник и еден пешак од терен дознава 24инфо.
На терен има и полициска екипа која го регулира сообраќајот кој се одвива отежнато по една коловозна лента.