Битиќи: Новите генерации ќе го најдат својот пат да живеат еден до друг и заедно ќе ја креираат својата иднина

И покрај предизвикот на личниот идентитет кој сите го имаме, убавината е во прифаќањето на различностите и заедничкото делување за заедно да преминеме кон она што го посакуваме, а тоа е целокупен развој на нашата држава, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во изјава за ЦИВИЛ медиа, на единаесетта меѓународна научна конференција „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“во Охрид.

Тој потенцираше дека живееме во ера во која веројатно поединецот повеќе го бара своето јас отколку што може да направи за другите, но сепак во изминатите 30 години преку поединецот, сепак успеавме во прифаќање на различностите да ја покажеме силината на нашата држава.

Затоа Битиќи смета дека процесот развоен и еволуира и се развива но ни требаат доста позитивни примери затоа што само така луѓето ќе веруваат дека тоа е возможно

Треба да знаете
Последни објави