Вежби на противвоздушната одбрана во московскиот регион

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во пошироката област на Москва биле спроведени вежби за противвоздушна одбрана со цел да се заштити инфраструктурата во случај на „воздушни напади“.

„Беа организирани вежби за противвоздушна одбрана за одбивање воздушни напади врз нашата воена, индустриска и административна инфраструктура“, се наведува во соопштението.

Тамошното министерство додаде дека руските војници кои учествувале на вежбите биле обучени за употреба на ракети за противвоздушна одбрана С-300.

Во тие вежби учествуваа повеќе од 150 војници, се наведува во соопштението.

Руското министерство не прецизираше кога се одржале вежбите.

Треба да знаете
Последни објави