СДА Македонија одржа работен состанок со министерката за надоворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ

Заменик претседавачот на Советот на министри и министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ беше во посета на државата по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Раководството на СДА Македонија одржа работен состанок со министерката Турковиќ. Од СДА Македонија ја информираа министерката Турковиќ дека бошњачката заедница е интегрирана во македонското општеството. Во следниот период СДА Македонија ќе продолжи да ги поддржува европските интеграции на Северна Македонија и исполнувањето на задачите на европскиот пат, во соработка со проевропските политички сили во државата.

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, ја информираше министерката Турковиќ, дека за жал, како и во повеќето држави од Западен Балкан, постојат политички сили кои се обидуваат да го успорат или спречат членството на Северна Македонија во ЕУ.

-Успешната европска перспектива на Северна Македонија може да биде позитивна спирала и за останатите држави во Западен Балкан. Демократските сили треба заеднички да работат во создавање на нова политичка атмосфера, во која сите држави на Западен Балкан сериозно ќе ги забрзаат евроатланските и европските интеграции, истакна Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија.

СДА Македонија и во иднина ќе продолжи да биде мост за продлабочување на одличните односи, без отворени прашања, помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

 

Треба да знаете
Последни објави