Доколку не се постигнат потребните бројки за уставни измени, не вреди да се прошири парламентарното мнозинство. Ова го изјави првиот човек на АА, Арбен Таравари пред почетокот на Централното собрание на партијата во Куманово. Тој ги отфрли гласините за поделба на ресорите и рече дека до сега нема конкретен предлог од Ковачевски за вклучување на АА во Владата.
„Лично мислам дека ако нема 80 пратеници, не вреди да се прошири Владата. Но јас велам дека има работи кои можат да помогнат дури и со проширување на Владата. Мислам дека ќе ги откријам сите факти и аргументи што ги имам пред членовите на Собранието, да разговараме да одлучиме заедно“, рече Арбен Таравари-Претседател на АА.
Таравари потврди дека синоќа се сретнал со првиот човек на ДУИ Али Ахмети, со кој разговарал за потребниот број пратеници за уставните измени. Тој рече дека во наредните денови ќе се сретне и со лидерите на другите албански партии.
Тој негираше дека интервенирале меѓународни фактори, и предложиле Алијансата да стане дел од Владата.
„Апсолутно не, никој, ниту Косово, ниту Албанија, ниту меѓународниот фактор нема право да се меша во дејствувањето на Алијансата за Албанците, туку ни ги покажаа работите што ги поддржуваат, на пример, процесот на разни уставни измени, и ние им кажавме дека измените ги поддржуваме и како опозиција и како позиција, ни е кажано дека не е добро да се избрза со избори. Не ни кажаа дали да влеземе или не во Влада затоа што немаат такво право, ниту ние дозволуваме да ни го наметнат“, додаде тој.
За каква било одлука на партиските органи на АА, за вклучување или не на партијата во Владата, Таравари рече дека за понудата ќе одлучуваат членовите на партсики референудм.. Таравари не сакаше да ги коментира позициите на огнената група во ДУИ, и на партијата Алтернатива кои се противат на влегувањето на АА во Владата.