Френсис Нгану е надвор од УФЦ повеќе од еден месец, а договорот му истече кон средината на декември. Раководството на УФЦ преговараше за условите, но не ги прифати барањата на Камерунецот за повеќе пари што што резултираше со заминување на Френсис од најсилната промоторска компанија. Со оглед на неговата репутација и популарност, тој сигурно нема да остане без работа.
Не е тајна дека Нгану сака професионален бокс или поточно меч против Тајсон Фјури. Легитимно е да се праша кога Нгану има намера да го направи тој натпревар, бидејќи борбата меѓу Фјури и Усик е во преговори и секој ден сме се поблиску до најавата. Договорот најверојатно ќе содржи клаузула за реванш, па сето тоа би можело да биде продолжено за повеќе од две години.
Исто така, поголемите пари за Фјури се секако во натпреварите против Усик отколку против Нгану, па Нгану би можел да извиси и на таа страна.
Но британската боксерска легенда Дилијан Вајт му понуди алтернатива. Имено, тој му понуди два натпревари; еден во бокс и еден во ММА!
-Многу од овие боксери ги земаат овие ММА ликови и ги тепаат во рингот, но тие не се доволно храбри да влезат во кафезот. Би бил среќен да се борам со него и во рингот и во кафезот“, изјави Вајт.
Dillian Whyte has offered to fight Francis Ngannou in a two-fight boxing/MMA deal: “A lot of these boxing guys pick on MMA guys and beat them up in a boxing ring, but they are not brave enough to get in the cage. I’d happily fight him in boxing and the cage as well.” [@SkySports]
— Michael Benson (@MichaelBensonn) January 20, 2023