Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте го критикуваше настапот на неговиот тим оваа сезона, посебно не е задоволен од играта во одбрана.
– Дваесет и еден примен гол на последните 10 натпревари обично е показател за тим кој е во зоната за испаѓање. Мора да го подобриме нашиот тимски дух, волја, желба. Треба да го зачуваме резултатот, да покажеме желба за да не примите гол. Не се сеќавам колку пати Хуго Лорис ја сочува мрежата „чиста” минатата сезона. Но оваа сезона примаме најмалку два гола по натпревар. Ова е нашиот просек. Тоа е како тим кој се бори за опстанок. Постигнавме напредок во некои аспекти. Но, во другите елементи, треба да се вратиме на она што го правевме минатата сезона и да бидеме поцврсти и концентрирани, изјави Конте за „ESPN”.
По 20 одиграни натпревари сезонава во Премиер лигата, Тотенхем освои 33 бода и во моментов е на петтата позиција.