Македонската судиска двојка доби нова голема задача на Светското првенство кое се одржува во Шведска и Полска. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе биде во центарот на теренот на дуелот меѓу Франција и Шпанија.
Ова е последен меч од главната рунда во рамките на групата 1. Двете селекции имаат по четири победи од стартот на Мундијалот, па победникот ќе стартува од првото место во четвртфиналето.

 

Мечот меѓу Франција и Шпанија се игра во „Таурон Арена“ во Краков од 21:00 часот.