Секретарот на бугарскиот клуб Цар Борис Трети, 21-годишниот охриѓанец Христијан Пендиков, кој пред два дена бил натепан пред ресторан во Охрид од страна на три лица, бил член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
На својот Фејсбук профил, Пендиков има постирано слики и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На фотографиите може да се видат и Александар Николоски и пратеничката Гордана Силјановска Давкова.
Исто така негова фотографија, на која вее знаме во едната рака а со другата распрскува спреј во црвена боја, за време на митинг на ВМРО ДПМНЕ, се најде во повеќе светски медиуми, помеѓу кои и Вашингтон пост, АП њуз и други.
Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков, го посети повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој е на лекување во Софија.