Швјонтек елиминирана во осминафиналето на Австралија опен

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска го заврши настапот на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако претпладнево загуби во осминафиналето од Елена Рибакина од Казахстан со 6-4, 6-4.

Рибакина досега имаше девет победи против тенисерки од ТОП 10, од кои две беа на грен – слем турнирите, но досега немаше триумф над прворангирана тенисерка на ВТА листата.

Казахстанската тенисерка, рангирана на 25 на ВТА листата, е прва четвртфиналистка на грен – слем турнирот во Мелбурн, а за сензационалниот триумф над Швјонтек и беа потребни 90 минути.

Рибакина во четвртфиналето ќе игра против Летонката Елена Остапенко, која ја елиминираше седмата носителка Коко Гоф од САД со 7-5, 6-3.

Остапенко води во меѓусебните дуели со 2-0.

Треба да знаете
Последни објави