(ФОТО) Голем број граѓани денеска се собраа пред МКЦ во знак на одбрана на култната културна институција

Голем број граѓани денеска се собраа пред МКЦ во знак на одбрана на институцијата од политичките сплеткарења што ги предизвика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со разрешувањето на в.д. директорот на МКЦ, Ванчо Богоев. Нов директор на МКЦ е Никола Алексов. Тој е дипломиран детектив по професија, кој воопшто не им е познат на вработените во МКЦ и на културната јавност.

Настанот „Музички собир во одбрана на МКЦ: Сите за МКЦ“, започна во 12 часот, а организаторите „Гола планина колектив“, истакнаа: Ова е собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изјавиме нашето незадоволство.

Пред МКЦ се потпишуваше и петиција. Барањата на петицијата се зголемување на буџетот на институција од државните ресурси за култура. Дополнително, преку петицијата се бара да се стави „МКЦ надвор од политичките игри“.

Организаторите планираат петицијата да ја испратат до Град Скопје и Министерството за култура, но, како што велат, засега примарно им е да соберат што повеќе потписи.

На настанот настапуваат: S.A.M, Cut Your Nipple, Lufthansa, Дина Јашари, Новиот Почеток, Shock Troopers, Yöu, Хајка, Dope Kukjata и други.

 

Извор: Фронтлајн

Треба да знаете
Последни објави