Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен се повреди и ќе биде надвор од теренот во следните три месеци, соопшти денеска Манчестер јунајтед.
Премиерлигашот наведе дека нема да бара изнудени алтернативи за повредениот Ериксен во овој преоден рок кој истекува ноќеска на полноќ.
„Тешко е да донесете некого на последниот ден од преодниот рок. Имаме добри играчи во средниот ред, кои можат да ја пополнат празнината. Постои надеж дека Кристијан навреме ќе се врати да ги одигра клучните натпревари во последната фаза од сезоната”, изјави тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.
Ериксен дојде во Јунајтед во летниот преоден рок без обесштетување од Брентфорд и досега сезонава за клубот од „Олд Трафорд” запиша седум асистенции и еден гол.