Актуелниот шампион Милан влезе во голема резултатска криза, а тоа се одразува и на позицијата на Стефано Пиоли во клубот. Тренерот на „росонерите“ засега има поддршка од раководството, но медиумите во Италија најавуваат дека сигурно нема да биде предводник и следната сезона доколку Милан не успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Во таков сличај, Пиоли ќе добие отказ, а клубот ќе се насочи кон младите играчи и формирање на тим за во иднина. Веќе е познато и решението што би го презел Милан.
Рафаеле Паладино, тренерот на Монца кој сезонава двапати го победи Јувентус, би седнал на клупата на Милан.