Фудбалерот од средниот ред на Милан, Темује Бакајоко ќе му се приклучи на Кремонезе на позајмица, објави новинарот Џанлука ди Марцио.
Според Ди Марцио, 28-годишниот Французин до крајот на актуелната сезона ќе настапува за Кремонезе.
Бакајоко неодамна одби трансфер во Адана Демирспор.
Фудбалерот игра за Милан како позајмен од Челзи од јуни 2021 година, договорот е со важност до крајот на јуни 2023 година.
Оваа сезона Бакајоко нема ниту еден настап за италијанскиот тим.
„Transfermarkt” ја проценува вредноста на Бакајоко на четири милиони евра.