Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоржињо ќе се пресели во Арсенал, тврди новинарот Фабрицио Романо.
Според Романо, страните веќе се договориле за трансфер. „Топџиите” ќе платат 12 милиони фунти за 31-годишниот Италијанец и ќе потпишат договор до крајот на јуни 2024 година со опција за продолжување на уште една година.
Играчот наскоро ќе биде подложен на лекарски преглед.
Жоржињо е во Челзи од јули 2018 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна три гола на 25 натпревари за сините.
Договорот на играчот од средниот ред со актуелниот клуб е со важност до крајот на јуни 2023 година.