Памела Андерсон го преиспита својот култен изглед во црвено на синоќешната премиера на својот документарен филм „Памела: Љубовна приказна“ во Лос Анџелес. На актерката (55) ѝ се придружија синовите Брендон Томас (26) и Дилан Ли (25), од бракот со поранешниот сопруг Томи Ли.
Поранешната плебој-зајчица и ѕвезда на ТВ-серијата Baywatch („Чувари на плажата“) ја покажа својата беспрекорна фигура и затегнати раце во тесен црвен фустан до подот.
И документарниот филм Pamela: A Love Story и нејзините долгоочекувани мемоари Love, Pamela ќе бидат објавени во вторник.
Документарецот, кој ќе се емитува на платформата „Нетфликс“, содржи искрени признанија за нејзините шест неуспешни бракови, а го продуцираа нејзините синови Брендон и Дилан Ли. Според некои медиуми, токму тие ја убедиле да ја сподели својата животна приказна.
Познатата чуварка на плажа од времето на хит-серијата