Станува збор за фудбалер на Манчестер сити, кој во Баварија доаѓа на позајмица, со опција неговиот договор да биде откупен следното лето за сума од 70 милиони евра.
„Нема фудбалер што не го познава Баерн Минхен, клуб кој секогаш атакува на титули и е гладен за трофеи. Дојдов токму поради тоа. Ќе дадам сѐ од себе во дресот на Баерн Минхен, еден од најдобрите клубови во светот. За мене ќе биде огромна чест да играм со вакви соиграчи, изјави Кансело.
Кансело е дел од составот на „граѓаните“ од 2019 година, а претходно има настапувано за Јувентус, Интер, Валенсија и Бенфика.