Србија ќе мора на некој начин да го признае Косово, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, оценувајќи дека Белград мора да сфати дека од „српско-руската романса“ ќе излезе како измамен љубовник.
Во Загреб, на прес-конференција со новата словенечка претседателка Наташа Пирц Мусар, Милановиќ рече дека „некои работи мора да се променат“ во Србија за да се стигне на Запад каде што е „добредојдена“, пренесе агенцијата Хина.
Милановиќ рече и дека Србија „ќе мора на некој начин да го признае Косово“, а косовските политичари ќе мора да му дадат статус на Заедницата на српските општини, „што се договориле и што потпишале“.
-Србија остана без Косово, не го даде доброволно, го загуби во војната. Можев да кажам поинаку, дека Србија остана без Косово или дека Косово е исклучено од Србија, но претпоставувам дека сите се согласуваме дека Косово е дел од Србија, рече Милановиќ.
Тој, исто така, рече дека секогаш ги повикува државниците од земјите кои не го признале Косово да го сторат тоа.
На белградските таблоиди кои позитивно реагираа на неговата изјава за киднапираното Косово, Милановиќ им одговори со насловот на хумористичната серија на Лери Дејвид: „Без ентузијазам, ве молам“.
Ова сега нема да им се допадне“, изјави Милановиќ.
Тој исто така рече дека ситуацијата во Украина е „почеток на крајот на навидум српско-руската романса во која Србија ќе сфати дека е измамен љубовник“.
Милановиќ оцени дека Србија и косовското прашање „и пречат на Русија“.
„Русија пробува нешто со Украина и примерот со Косово и се ѕирка како трн во око. Русија ќе мора во одреден момент да го признае Косово или да се преправа дека го признава за да го легализира тоа што го прави во Украина. Тоа е реалноста“, рече Милановиќ.
Помеѓу Белград и Москва, рече Милановиќ, „нема љубов воопшто“, туку се работи само за интересот во кој Србија и служи на Русија,пренесе Денес.рс.