Додека украинските знамиња се веат во европските метрополи, билбордите против санкциите против Русија се насекаде низ главниот град на Унгарија. Премиерот на оваа европска земја, Виктор Орбан, отворено ја доведува во прашање способноста на Украина да функционира како независна држава со оглед на износот на воена и финансиска помош што ја добива од Запад.
Според добро познатиот став на Орбан, Русија веќе успеала бидејќи санкциите што ѝ се воведени не ѝ наштетиле, а според него, Украина се претворила во неуправувана руина.
„Сега е Авганистан, Путин нема да загуби и времето е на страната на Русија, а Украина е ничија земја“, беше многу јасен Орбан, што е сосема спротивно од она што го кажуваат неговите колеги од Унијата, на која ѝ припаѓа и самата Унгарија.
И додека западните сојузници ја снабдуваат Украина сè повеќе со оружје, Унгарија, од друга страна, тврди дека Украина едноставно треба да престане да се бори.
Официјален Киев е бесен на Орбан и веќе најави дека ќе го протера украинскиот амбасадор од земјата доколку унгарскиот премиер продолжи по тој курс.
Од друга страна, аналитичарите наведуваат дека ваквите ставови на Орбан доаѓаат од потребата да се оттргне вниманието на јавноста од тешката економска ситуација на домашната политичка сцена, но и поради тоа што унгарскиот лидер сè уште сака да одржува силни врски со Москва.
Орбан одамна игра таква игра користејќи средства од ЕУ, од кои влече пари, од една страна, а од друга, одржува добри односи со претседателот на Русија, пишува бриселскиот портал „Политико“.