Шефицата на словенечката дипломатија, Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани обвинети за шпионажа се припадници на руските разузнавачки служби.
Фајон рече дека тие се уапсени во декември и дека се осомничени за делување против националните интереси на Словенија, но дека амбасадорот на Русија во Љубљана уште не е повикан во Министерството за надворешни работи.
Обвинителството порано потврди дека Националнаѕа истражна канцеларија, врз основа на податоците на словенечката Разузнавачко-безбедносна агенција СОВА, во декември привела свајца странски државјани за шпионирање во корист на Русија.
Судот им одреди притвор и им се заканува казна од осум години затвор.
Според пишувањето на словенечките медиуми, станува збор за маж и жена со аргентинско државјанство, пренесоа агенциите.