Европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон изјави дека сопственикот на Твитер, Илон Маск, мора да стори повеќе за да се усогласи со онлајн правилата на Европската унија.
– Треба да видиме поголем напредок кон целосно усогласување на со ДСА. Мојот тим внимателно ќе ја следи работата на Твитер и сите други онлајн платформи, рече Бретон.
Двајцата разговараа пред два месеци преку видео-врска, кога Бретон го предупреди Маск дека на Твитер му претстои „голема работа“ со цел спроведување на политиките за транспарентност, значително зајакнување на умереноста на содржината и заштита на слободата на говорот.
Ваквите обврски беа наметнати според Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), кој стапи во сила минатиот ноември, а кој ги таргетира онлајн платформите доколку ги прекршат правилата со казни до шест отсто од нивниот глобален приход.