Срамота е што денес дискутираме на кој начин ќе се чествува и дали ќе се предизвикаат инциденти на чествувањето на денот на раѓањето на еден од најголемите Македонци – Гоце Делчев, истакна потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето на ТВ24.
-Национализмот како тема многу често го турка граѓанинот да биде злоупотребен за повисоки цели и има ретроградни сили, особено на процесите на патот кон зачленување во Европската унија, но таа реторика не треба да ја дозволиме. Таа реторика доведува до состојба што ги загушува нематералијалните фактори во државата, рече Костадинов.
Тој потсети дека секој политичар има одговорност.
-Опозицијата го стимулира населението, зборувајќи за предавства, а за истиот Договор за добрососедство, јавно, на снимка, Мицкоски кажа дека е многу добар и дека го поддржува, рече Костадинов.
-Многу е жално што ги подгреваме нашите граѓани, верувам дека оние политичари што го отвораат национализмот немаат што друго да понудат на граѓаните. Вистински патриот е кога со дела ќе покажа колку ја сака државата, кажа Костадинов, повикувајќи граѓаните да не потпаѓаат на провокации.