Фиорентина е вторниот патник во полуфиналето од Купот на Италија откако вечерва натпревар од четвртфиналето на домашен терен беше подобра од Торино со 2:0.
„Виолетовите“ втора сезона во низа се пласираат во полуфиналето од најмасовнот натпреварување на „чизмата“, а таму ќе играат против подобриот од натпреварот вечерва помеѓу Рома и Кремонезе.
Победата за Фиорентина ја обезбедија Лука Јовиќ и Иконе. Српскиот голгетер кој во зимскиот преоден рок се поврзуваше со заминување од Фиренца погоди во 65. минута од натпреварот. Точка на натпререварот францускиот играч стави во самата завршица од натпреварот.
Интер вчера беше првиот патник во полуфиналето, додека утре ќе биде затворена оваа фаза и тоа со дербито помеѓу Јувентус и Лацио. Победникот од овој дуел ќе оди на пресметка со „нероаѕурите“ кои сезонава го бранат трофејот.