Најголемата француска ѕвезда Килијан Мбапе вечерва имаше хорор настап за само 21 минута, откако успеа после десет двапати да промаши од пенал, а потоа и празен гол од три метри, за сѐ да заврши со негова повреда и замена на средина од првиот дел на гостувањето кај Монпелје.
Сепак, парижаните славеа со 1:3 со голови постигнати во вториот дел, а само во финишот паднаа два гола.
Мбапе имаше прва шанса да даде гол од пенал, но противничкиот голман му го одбрани. Ама, доби втора шанса, откако пеналот беше повторен. И во вториот одид Мбапе промаши.
Сега погоди во дирекот, топката се одби пак до него, ама на празна мрежа успеа и тоа да го утне. Биеше високо над голот.
Промашувањата може да ги видите тукаhttps://www.dailymotion.com/video/x8hto9a
Само десет минути подоцна, француската ѕвезда мораше да го напушти теренот поради повреда. На негово место влезе Уго Екитике.
Десет минути подоцна се повреди и Серхио Рамос, а на негово место дојде Ренато Санчес.
Потоа, во 36. минута Меси даде гол, но истиот беше поништен бидејќи Аргентинецот беше во офсајд.
На почетокот на вториот дел Руиз погоди за водство на ПСЖ, а во 72.минута пак погоди Меси за сигурно водство. Но во 89. минута Нордин донесе неизвесост и намали на 1:2, што сепак не бее доволно за пресврт. Во втората минута од судското продолжение погоди Емери за конечни 1:3.
Повредата на Мбапе доаѓа во најлош момент за ПСЖ, пред двомечот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.