Пратениците во српското Собрание со 154 гласа го прифатија Извештајот на Владата за преговорите со Косово. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето последно обраќање рече дека ќе има тешки дискусии и тешка борба за Заедницата на српски општини (ЗСО) со овластувања кои ќе бидат значајни и кои ќе влеат доверба кај граѓаните.
Вчерашната расправа беше проследена со остри вербални конфликти и меѓусебни обвинувања, а седницата во еден момент беше на работ на физичка пресметка меѓу членовите на владејачката партија и дел од опозицијата, кои се пуштија во правец на местото каде што седеше Вучиќ.
Вучиќ во четвртокот, презентирајќи го Извештајот, потенцира дека целта е отворена дискусија за предизвиците со кои се соочува земјата, а не префрлање на одговорноста.