Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и вечерва ги продолжи средбите со граѓаните, овој пат со жителите на општина Желино. Покрај претседателот Ахмети, говор пред присутните имаа и првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бедри Фазлиу и претседателот на огранокот на ДУИ во Желино, Емир Сулејмани.
Ајде вечерва да разговараме и да видиме што сме направиле, што сè уште не сме направиле и што треба да направиме. Вечерва сме тука по речиси тринеделни средби. Ајде да докажеме дека стоиме зад мирот и младите, нема да го напуштам бродот без да ја ставам ДУИ на реформскиот пат. Јас сум за младината, да ја поддржиме и да останеме силни затоа што само со поддршка од заслужените луѓе може да ги водиме процесите напред. Помина времето на квантитетот, денес ни треба квалитет. Денеска треба да видиме како треба да постапиме, бидејќи Европа не не прифаќа без стандарди.
ДУИ е добро организирана и етаблирана партија, така што оваа партија е наше национално богатство. ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци, тоа е дело на интелектуалците, затоа сите идеалисти и мисионери застанаа покрај нас, инвестираа и инвестираат, а секако да не ја заборавиме и жртвата на нашиот народ. Посветени сме на мирот, стабилноста, развиената економија, борбата против криминалот и корупцијата како и ефикасната администрација.
Албанеците денес се одлучувачки фактор во државата. Бујар не претставува во ОБСЕ, Фатмир не прави горди со Светска банка, Насер, Крешник и Артан… колку повеќе инсталираме вредности, толку повеќе непријатели се создаваат. Ова не му се допаѓа на Мицкоски и знам зошто, не отидов во Хаг затоа што борбата ми беше праведна, па нека не ми одговара со калаш. Тој ја гледал војната само на телевизија, додека јас сум потпишал меѓународни договори.
Зошто инвестираме во стабилност? Придонесовме за решавање на спорот со името, преговораме со ЕУ со единствена цел на овој регион да му ја загарантираме мирот и стабилноста. Времињата се променети, не треба да ги повторуваме трагедиите, туку треба да размислуваме за нови можности. Имаме рани кои не зараснуваат така лесно, многу луѓе загинаа за оваа земја, но одмаздата не е решение.
Косово мора да најде решение со Србија, бидејќи во овие времиња Русија е заинтересирана за крвопролевање и конфликти. Градејќи го проеропскиот фронт се приклучуваме кон прогресивни процеси, кон нови стандарди, така што ниту Мицкоски ниту Албанците кои работат покрај Мицкоски не можат да го спречат ова затоа што ние сме за напредок, а не за уназадување. Членството во ЕУ ја запира имиграцијата, ја зајакнува економијата, платите и животниот стандард, така што членството во ЕУ дефинитивно мора да се случи, бидејќи ова е наша заедничка жртва за да постигнеме успех, изјави Ахмети.