Милионерот Бил Гејтс рече дека повеќе би сакал да троши на вакцини отколку да патува на Марс, бидејќи смета дека тоа не е добар начин да се користат пари.
„Всушност е прилично скапо да се оди на Марс. Можете да купите вакцини против сипаници и да спасите животи за 1.000 долари по човек.
Основачот на „Спејс Икс” Илон Маск, изјави дека сака да го колонизира Марс, додека основачот на „Амазон”, Џеф Безос, исто така се приклучи на „вселенската трка“.
„Спејс Икс” , ракетна туристичка компанија основана од Маск во 2002 година, меѓу другото, како крајна цел си постави испраќање летови со екипаж на Марс и колонизација на таа планета.
Гејтс, ко-основачот на Мајкрософт, исто така верува дека вештачката интелигенција ќе го трансформира човештвото доста драматично: “Тоа ќе ни помогне да ги истражиме медицинските и научните прашања. Не се работи само за роботите, туку помага и за читање и пишување. Всушност, има повеќе напредок од роботите. И двете ќе ни дадат многу поголема продуктивност“.
Гејтс зборуваше и за тоа колку бил изненаден што станал цел на теории на заговор за време на пандемијата на Ковид-19. „Не го очекував тоа“, рече тој, мислејќи на сугестиите дека профитирал од вирусот или самиот го започнал,пренесе Индекс.хр.